Арапскиот колач што можете да го јадете секој ден, а да не качите ни килограм

Веќе после првиот залак, рецептот за арапскиот колач што не дебелее ги остави сите во неверување и воодушевување. Ова е десерт кој може слободно да се ужива секој ден и сѐ уште да се запази витата линија.

Арапскиот колач што можете да го јадете секој ден, а да не качите ни килограм

Сите состојки што ви се потребни за арапски колач кој не дебелее

За подготовка на овој вкусен десерт со овесни снегулки потребни ви се:
– 120 грама овесни снегулки
– 200 милилитри топло млеко
– 2 јајца
– 2 банани
– 1 мала лажичка екстракт ванила (или 1 кесичка ванилин шеќер)
– 40 грама какао во прав
– 1 мала лажичка прашок за печиво
– Ореви по вкус (за посипување)
– Парчиња чоколада по вкус (за посипување)
– 100 грама чоколада
– 40 милилитри млеко (за глазура)

Сите состојки што ви се потребни за арапски колач кој не дебелее

Подготовка чекор по чекор: Арапскиот колач за 20 минути е на трпеза

Според Glossy, започнете така што овесните снегулки ќе ги ставите во сад и ќе ги прелеете со топлото млеко. Оставете да стои 10 минути за да омекнат.
Потоа искршете ги јајцата во друг сад и измешајте ги со испасирани банани. Додајте ванила и со жица добро изматете ја смесата.
На крај додадете какао во прав и прашок за печиво и внимателно измешајте за да се добие компактна смеса.
Сега соединете ги овесните снегулки натопени во млеко со остатокот од смесата, мешајќи убаво додека сите снегулки не бидат обложени.
Смесата префрлете ја во калапот за печење кој сте го намрсиле или сте го обложиле со хартија за печење.
Одозгора посипете со ситно сечкани ореви и чоколадни трошки, па ставете во претходно загреана рерна на 180 степени и печете 15-20 минути.
Кога ќе се испече, чоколадата исечкајте ја, растопете ја со 40 милилитри врело млеко и прелијте го колачот.

Подготовка чекор по чекор: Арапскиот колач за 20 минути е на трпеза

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *