Аргентинскиот голман објасни зошто го направил гестот со ракавицата и за кого бил наменет. Го оправдувате ли?
Емилијано Мартинез направи бизарен гест со наградата „Златна ракавица“ на Светското првенство за да им возврати на навивачите на Франција откако тие го исвиркаа за време на возбудливата финална победа на Аргентина.
Мартинез беше еден од хероите на Аргентина во финалето, правејќи клучна одбрана за да го негира Рандал Коло Муани во последната минута од судиското продолжение, а потоа го спречи пеналот на Кингсли Коман за финалниот резултат.
Откако ги задржа трите голови во Катар, на Мартинез му беше врачена „Златната ракавица“ која се доделува на најдобриот голман на турнирот. Набргу потоа, тој беше сликан како прави груб гест додека ја држеше нагадата над интимните делови.
Но, сега стоперот на „Астон Вила“ откри дека го направил гестот за да им возрати на навивачите на Франција кои го исвиркаа за време на натпреварот.
30-годишниот голман, исто така, одигра главна улога во победата на Аргентина во пенал-рулетот против Холандија во четврт-финалето, а потоа продолжи да им вика на холандските противнини: „затворете ја устата“, по хаотичниот натпревар кој заврши со 15 жолти и 1 црвен картон.
Слично како онаа вечер против тимот на Луј ван Гал, Мартинез влезе во своите 5 минути на пенал рулетот во финалето, повикувајќи на поголема врева од публиката откако го одбрани пеналот на Коман, а потоа танцуваше пред камерите кога Аурелиен Чоамени го изведе ударот од точка неколку моменти подоцна.
Се чинеше дека тој уживаше кога Аргентинците излекоа на врвот за да го освојат Светското првенство по трет пат, но потоа призна дека Франција го турнале неговиот тим до крај, но тие постојано се враќале во натпреварот.
idiotizam
Коментирај анонимно