Археолози веруваат дека го пронашле храмот каде што било извршено библиско чудо

Антички храм за кој се верува дека бил место на библиско „чудо“ е откриен во Израелските висорамнини Голан. Археолозите од Универзитетот во Хаифа ја ископале оваа локација како дел од проектот за обединување на античката историја во природниот резерват Баниас во северен Израел.

За време на копањето, професорката Ади Ерлих и нејзиниот тим откриле мал камен, со крстови врежани во неговата површина. Ерлих теоретизирала дека каменот е создаден од верски аџии и дека тоа е спомен на чудо оставено околу 400 година, кога ова место веќе не било активен храм.

Чудото за кое се сметаше дека се случило на оваа локација е опишано во Евангелијата според Матеј, Марко и Лука и во него се вели дека Исус запрел крварење на жена која страдала 12 години и на која лекарите не можеле да и помогнат.

Приказната вели дека жената го допрела задниот дел од облеката на Исус во надеж дека тој ќе може да и помогне и „веднаш и престана крварењето и во своето тело почувствува дека е ослободена од страдањата“.

Се вели дека чудото се случило додека Исус бил на пат да ја посети болната ќерка на Јаир во римскиот град Цезареја Филипи, претходно Баниас и она што денес е дел од природниот резерват Баниас.

Тимот на Ерлих претходно утврди дека храм од четвртиот век, сместен во близина на новооткриената црква, е можеби местото каде што Исус му открил на Петар дека е Месијата. Местото е изградено над храмот од римската ера на грчкиот бог Пан од третиот век.

Професорката вели дека нејзиниот тим открил извори, пештери и ритуален „култен базен и воден аквадукт“ во храмот. Археолозите го откриле храмот под патека, а Ерлих верува дека е огромна веројатност ова да е местото каде што се случило чудото.