Археолозите открија череп стар 2 милиони години од далечен „братучед“ на човекот

Откриен е череп стар 2 милиони години за кој се смета дека е најраниот познат и најдобро зачуваниот пример на Paranthropus robustus, далечен роднина на човекот. Се верува дека Paranthropus robustus шетал низ Земјата во слично време со нашиот директен предок Хомо еректус и затоа истражувачите го нарекле нашиот „далечен братучед“.

Скоро комплетниот череп е пронајден во системот на пештери Дримолен близу до Јоханесбург, Јужна Африка, за време на археолошкото ископување спроведено од Универзитетот Ла Троб, Австралија.

„Овие два многу различни видови – хомо еректус со релативно голем мозок и мали заби и Paranthropus robustus со релативно големи заби и мали мозоци – претставуваат дивергентни еволутивни експерименти. Додека ние бевме лозата што победи на крајот, пред два милиони години фосилните записи сугерираат дека Paranthropus robustus бил многу почест од хомо еректусот во природата.“, вели палеоантропологот Анџелин Лис.

Првично се сметаше дека нашите братучеди предци живееле во слични социјални структури како и горилата со големи, доминантни мажи кои живеат во група со помали жени. Сепак, овој череп сугерира поинаку. Излезе дека овој машки череп е поблиску по големина на оној на женките и го дава првиот доказ со висока резолуција за микроеволуција во раните видови на хоминин.

Истражувачите тврдат дека тоа може да доведе до ревидиран систем за класифицирање и разбирање на нашите човечки предци. Археологот Енди Хери вели: „Како и сите други суштества на Земјата, да останат успешни, нашите предци се прилагодија и еволуираа во согласност со пејзажот и околината околу нив“.

Тој продолжува: „Веруваме дека овие промени се случија во време кога Јужна Африка се сушеше, што доведе до истребување на голем број современи видови цицачи“.

Хери вели дека тие веруваат дека климатските промени „создале стрес на околината“ што ја поттикнало еволуцијата на Paranthropus robustus.