Археолозите открија карпести слики стари 12.000 години во арапската пустина

Археолози пронајдоа спектакуларни монументални гравури, стари околу 12.000 години, на карпите на Нефудската пустина во северниот дел на Арапскиот Полуостров. Овие слики докажуваат постоење на древна култура што речиси е избришана од историјата. Откритието е објавено во весникот Nature Communications.

Археолозите открија карпести слики стари 12.000 години во арапската пустина

Освен гравурите, научниците откриле стотици камени алатки, зелена боја и мониста. Овие предмети можеби им припаѓале на истата култура што ги оставила монументалните цртежи, со височина до два метри. Древните жители ги користеле како симболика на идентитет, но и како ориентациски точки за пронаоѓање на вода и движење на животните.

Некои од цртежи се направени на голема висина над земјата. За да ги создадат, уметниците требало да се искачуваат по тесни рабови на карпи, ризикувајќи го својот живот додека работеле на врвот над пустината. Само современите дронови денес можат да ги фотографираат овие тешко достапни ремек-дела.

 

„Оваа уникатна збирка покажува колку локалните жители биле поврзани со околината и нивната желба да го претстават своето присуство во тешките услови на пустината“, вели д-р Марија Гуагнин од Институтот за геоантропологија Макс Планк.

Д-р Цери Шиптон од Универзитетскиот колеџ во Лондон објаснува дека овие споменици не служеле само за уметност, туку и како патокази за патувања и сеќавање на важни маршрути. Тие се доказ за суштинската важност на водата и движењата на дивите животни во суровата пустинска средина.

  • Васе напиша:

    Не гледам ништо чудно во најденото!!!
    Човекот по Википедија егзистира како таков близу 200,000 години!!! Шо е 12,000? Не е ни 10%!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *