Археолозите открија траги од античка градина во Ерусалим
Археолозите пронајдоа остатоци од градина, стара околу две илјади години, на територијата на Храмот на Христовиот Гроб во Ерусалим. Истражувањата покажуваат дека тука некогаш растеле маслинови дрвја и винова лоза, а резултатите се совпаѓаат со библиските описи, според кои местото на распнувањето на Исус било во близина на градина.
Анализа што ја потврдува теоријата
Анализата на почвата под подот на базиликата потврдила дека оваа територија била покриена со вегетација долго пред изградбата на храмот. Според професорката Франческа Романа Стасола од Универзитетот Ла Сапиенца, во времето на Исус ова подрачје се наоѓало надвор од градските ѕидини, а подоцна, во IV век, бил изграден Храмот на Христовиот Гроб.
Камени ѕидови како докази
Археолошките истражувања се дел од голема реконструкција и се спроведуваат внимателно, бидејќи храмот останува активен верски објект. Една од најзначајните откритија се фрагменти од камени ѕидови, кои можеби ја опкружувале градината, дополнително потврдувајќи ги библиските записи и отворајќи нови можности за истражување на историјата на ова свето место.
Коментирај анонимно