Археолозите во Египет открија гробница стара 3.600 години која му припаѓа на мистериозен крал воин
Археолози неодамна открија гробница на непознат фараон на Гора Анубис, што може да понуди нови сознанија за слабо документираниот период од египетската историја. Водачот на експедицијата, Јозеф Вегнер, изјави дека вакви наоди се ретки и вредни, бидејќи датираат од периодот околу 1640–1540 година п.н.е. – време на немири и судири меѓу фараоните-војници.
Гробницата стара околу 3600 години е откриена седум метри под пустинскиот песок во некрополата на Гора Анубис, дел од древниот град Абидос. Се верува дека таму владеела малку позната династија во времето на т.н. Вториот преоден период, кога повеќе кралства се бореле за надмоќ.
Златно време на Новото Царство
Иако името на фараонот не може да се прочита поради оштетувања од грабежи, гробницата е богато украсена со хиероглифи и фрески, што укажува на висока положба на покојниот. Во неа се пронајдени простории со сводести тавани и погребна комора од варовник, која можеби била причината за нејзиното ограбување.
Вегнер, професор по египетска археологија на Универзитетот во Пенсилванија, истакна дека ова откритие може да помогне во разбирањето на периодот кој довел до златното време на Новото Царство. Тој претходно, во 2014 година, ја откри гробницата на фараонот Сенеб Кај, за кој се утврди дека загинал во битка.
Кои се двата потенцијални сопственици?
Сега, истражувачите претпоставуваат дека новооткриената гробница може да му припаѓа на еден од двајца владетели: Сенајбе или Паентжени. Тие се надеваат дека идентификацијата ќе биде возможна преку пронаоѓање канопи со запишано име на фараонот.
Раскопувањата во внатрешноста на гробницата се завршени, но Вегнер планира да се врати на теренот летово за да продолжи со истражувања во околината, која изненадила со богатството на археолошки остатоци. Тој верува дека некрополата на Гора Анубис би можела да се спореди со славната Долина на Царевите.
Ако живеел пред 3,600 години ги затекнал пирамидите во Гиза кои се изградени пред 4,500 години.
Чудо не го закопале во пирамида (као шо тврдат египјаните), туку во „обична гробница“!
Ова е уште еден доказ дека пирамидите не се гробници, туку електрани како што вели Тесла.
I AM A FAN OF ARCHAEOLOGY BUT I NEVER HAVE BEEN AND I WOULD LIKE TO PARTICIPATE IN SUCH PROJECTS. I HAVE ONE OF THEM TOO, BUT IT’S A PAIN THAT IT’S BEING TAKEN DOWN SO THAT THE OLIGARS CAN BUILD WHAT THEY HAVE INTENTION TO. UNFORTUNATELY EVERYTHING IS CORRUPTED.
I AM A FAN OF ARCHAEOLOGY BUT I NEVER HAVE BEEN AND I WOULD LIKE TO PARTICIPATE IN SUCH PROJECTS. I HAVE ONE OF THEM TOO, BUT IT’S A PAIN THAT IT’S BEING TAKEN DOWN SO THAT THE OLIGARS CAN BUILD WHAT THEY HAVE INTENTION TO. UNFORTUNATELY EVERYTHING IS CORRUPTED.FROM MACEDONIA
Коментирај анонимно