Археолозите во Шпанија открија предмет стар 500 години. Што мислите за што служел?

Пенис од 15 сантиметри е веројатно последното нешто на што помислувате кога ќе погледнете наназад на средновековната историја. Но, археолозите дошле до бизарно откритие.

Мистериозниот пенис бил ископан во средновековната кула Меира во Риа де Виго, Шпанија, од тим експерти кои веруваат дека е стар околу 500 години.

 

Иако првично беа збунети од неговата намена, истражувачите на Arbore Arqueoloxía веруваат дека пенисот може да биде нешто многу побрутално отколку што може да очекувате. Излегува дека овој предмет можеби се користел како камен за острење оружје во време на востанието во 14 век.

„Можеме да го најдеме овој тип на предмет веќе во најстарата праисторија, но тие не се вообичаени во средновековието. Значењето варира во секоја култура и зависи од контекстот. Далеку од тоа дека биле навредлив или непристоен елемент, во римско време овие предмети ја немале исклучиво еротската конотација што некои моментално погрешно им ја припишуваат“, рече портпаролот на Arbore Arqueoloxía.

 

Многумина некогаш верувале дека симболот дејствува како заштита од злото – со тоа што бебињата носеле дури и пениси на вратот за среќа, според Музејот на уметност Метрополитен.

„Фалусот беше предмет на почит и му беше дадено магиско-религиозно значење. Фаличниот симбол е претставен на светилки, маски, приврзоци и прстени, ѕидови од куќи, тротоар на улица, агли, балкони, врати, бањи или ѕидови. Секогаш зачувувајќи го својот карактер на колективен заштитник од потенцијални зла и опасности.“, продолжи портпаролот.

 

Експертите веруваат дека овој специфичен пенис бил користен за острење оружје врз основа на историјата на кулата Меира. Локалитетот бил делумно уништен во средината на 15 век кога граѓаните се побуниле против владејачката класа.

Портпаролот продолжи: „Тоа се материјализира од симболичната поврзаност помеѓу мажественоста, насилството и оружјето. Тоа е присутно во различни култури и низ времето, дури и до нашите денови“.

Сега, тимот дополнително ја истражува оваа локација за да открие дали навистина била едноставна караула или нешто повеќе.