Архитектонско чудо среде шума: Канцеларија од 72 квадратни метри во која многумина би сакале да работат

Шпанската архитектонска фирма SelgasCano има неколку интересни проекти низ целиот свет од Auditorio de Badajoz, Auditorio El Batel Cartagena и Auditorio de Plasencia во Шпанија, преку заеднички згради во Лондон, Португалија и Лос Анџелес па се до училиште и центар за вакцинација во Африка.

Најпосетен проект, сепак, е нивната архитектонска канцеларија среде шума, односно во близина на Мадрид, изградена во 2008 година. Хозе Селгас и Лусија Кано дизајнираа канцеларија долга 18 метри, широка околу четири метри и висока околу 2,5 метри.

 

 

Канцеларијата се состои од само една просторија од 72 квадратни метри, која е делумно покриена со проѕирен ѕид. Поточно, sидовите од едната страна се направени од фиберглас со дебелина од 11 сантиметри и овозможуваат спектакуларен поглед кон околината. Затоа, вработените се чувствуваат како да работат во самата шума.

 

 

Масите не се поставени на директна сончева светлина што овозможува нормална работа во текот на денот. Дел од зградата е закопан 1,2 метри под земјата, поради што канцеларијата останува добро климатизирана дури и за време на најжешките шпански лета.