Аспарагус: Кралот на зеленчукот во европските земји, но сѐ уште непознат за македонските трпези

Аспарагусот е повеќенаменски зеленчук што совршено се вклопува со месо, риба, јајца, сирење, зеленчук и сосови. Зелениот аспарагус е идеален свеж или на скара, а белиот вид најчесто се маринира. Иако денес е достапен секому, сè уште ретко се среќава во македонските кујни, додека во Европа му се посветуваат и фестивали.

Овој зеленчук содржи само 22 калории на 100 грама, без маснотии е, но е богат со витамини (A, C, E, B), калиум, фосфор, калциум, цинк, железо, магнезиум и бакар. Го подобрува метаболизмот, работата на бубрезите и црниот дроб, ги намалува отоците и позитивно влијае на хормоналниот баланс. Благодарение на аспарагинот, тој го поттикнува создавањето протеини и ја зајакнува структурата на телото.

 

Аспарагус: Кралот на зеленчукот во европските земји, но сѐ уште непознат за македонските трпези

Зошто се препорачува во секојдневната исхрана?

Аспарагусот е одличен избор за оние што внимаваат на исхраната – заситува, го подобрува варењето, ги исфрла токсините и задржува виталност. Најдобро е да се купува во пролет, а при избор обрнете внимание на цврстите стебла со затворени врвови и мазната површина. Чувајте го во влажна крпа во фрижидер најмногу два дена.

 

Зошто се препорачува во секојдневната исхрана?

Како да се приготви најдобро?

Најчеста грешка при подготовка е преварувањето. Варете го вертикално, со врвовите над водата, и додајте малку сол и масло. Гответе 10–20 минути и потоа изладете го.
Предлог ецепт за лесна салата со аспарагус и рукола

Како да се приготви најдобро?

Сварете 5–7 стебла зелен аспарагус, изладете и исечете го. На чинија наредете рукола, домати, аспарагус и пармезан. Зачинете со маслиново масло и лимонов сок.

  • Жарко Г. напиша:

    „Аспарагус: Кралот на зеленчукот во европските земји, но сѐ уште непознат за македонските трпези“
    Е, како непознат!? Прашајте ги овие лапачите од Владата дали им е непознат?
    Покрај нивната папаја и морските плодови и аспарагусот го „открија“.
    Можам само да ги замислам снобовите кои до вчера јаделе пинџури и ајвари, сега се преправаат во голерми познавачи на егзотични производи…сељачана тешка. За греота!!!

  • Atila напиша:

    Ne moẓ̌ime piperki da si kupime, aksparagus ke jajme. A be ne se zaebavajte so nirodo!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *