Астро-фотограф фати „Еден-во-милион“ кадар од авион кој лета преку сонцето

Астро-фотограф во Калифорнија беше пресреќен кога случајно сними фотографија што се слика само еднаш во животот- силуета на џамбо-џет на сонцето.

Ендру Мекарти е добро извежбан во сликање на сонцето, тоа го прави веќе две години. Секоја слика што ја прави од сонцето е „куп“ од илјадници снимки , тој снима слични слики „стотици пати“.

Сепак, никогаш нема слика што се споредува со онаа на која е прикажан летот на Јунајтед ерлајнс 425 и придружната сцена што тој успеа да ја сними на видео.

Фотографот го фотографирал сонцето за да „добие убава слика за проминентите малите грутки плазма што висат од екстремитетот“, кога се појавила неверојатната сцена пред неговите очи.

Мекарти користи високи фрејмови, слично на снимање на видео, и за време на една од неговите серии фотографии „се случи авионот совршено да ја пресекува средината на сонцето“.

Потребна беше само една секунда за авионот да го премине сонцето, но Мекарти успеа да го фати додека беше силуетиран наспроти блескавата црвена позадина на ѕвездата.

Мекарти изјави:

За мене ова е многу ретко. Постојат многу фотографи кои се поставуваат во близина на аеродромите, ги планираат овие снимки и ги добиваат лесно. Како и да е, јас сум далеку од аеродром и во моето двегодишно сликање на сонцето, ова е прв пат да фатам ваков авион.

Секоја слика што ја сликам од сонцето е куп илјадници снимки и можеби сум го  сторил ова стотици пати – што би ја направило оваа еден од милиони. Каква случајност.

Откако успешно ја фотографираше импресивната слика, Мекарти ги искористи јавно достапните информации за летот за да утврди дека станува збор за летот на Јунајтед ерлајнс, патувајќи од Сан Франциско, Калифорнија до Њу Јорк, Њу Џерзи

Тој ја објави сликата на социјалните мрежи, каде што пилотот на авионот наиде на неа. Пилотот бил толку импресиониран од сликата што му пристапил на Мекарти барајќи копии од фотографијата за да може да ја има за себе.