Астронаут ја открива „мистеријата“ како одат по голема и мала нужда во вселената

Тоа е прашање што го мачи човештвото со децении: како астронаутите одат по голема нужда во вселената? За среќа, еден астронаут на НАСА одлучи да ни открие што всушност се случува кога лебдите наоколу во нулта гравитација и одеднаш имате физиолошка потреба. Крис Касиди, 500-тата личност која отишла во вселената моментално служи на меѓународната вселенска станица. Тој неодамна издвои време од зафатениот распоред за да одговори на како што вика тој „најчесто поставуваното прашање за астронаутите“.

Видеото не води на разгледување на „одделот за отпад и хигиена“ на ISS – мала кабина со големина колку бања во авион – што е чудно, се чини дека се наоѓа во средината на теретаната на станицата. Како што истакна Касиди, тоа е област со голем сообраќај, не баш идеално за кога ви треба малку приватност.

Кис посочи дека чувството за користење на тоалетот е исто како и на Земјата: „Тоа е истата сензација“, вели тој, „Знаете дека треба да одите“. Касиди објаснува дека тоалетот на астронаутот се состои од пластично седиште и метална кофа. Постојат секакви прекинувачи и копчиња за управување со тоалетот, како и табела за астронаутите почетници. Користејќи пакет боранија и печурки за да ја реплицира вистинската работа, Касиди демонстрира како астронаутите го прават своето „таложење“ во пластична кеса прикачена на тоалетот, а потоа со метален стап ја туркаат торбата во поголем контејнер под него. А да, мокрењето се одвива преку некаква чудна вакум цевка, што исто така изгледа непријатно. Погледнете го видеото за да ви стане јасно.