Премини на МотикаX

Астронаут на НАСА ја открива тајната, како преживеал 286 дена ЗАГЛАВЕН во вселената

Американскиот астронаут Буч Вилмор помина 286 дена во Меѓународната вселенска станица поради технички проблеми со леталото со кое пристигна, но и покрај предизвиците, тој редовно присуствувал на виртуелни богослужби за да остане поврзан со верата. Како долгогодишен член и старешина на црквата Providence Baptist во Тексас, Вилмор истакна дека духовната поддршка му била клучна: „Божјиот збор ми е потребен, ме исполнува“.

 

Астронаут на НАСА ја открива тајната, како преживеал 286 дена ЗАГЛАВЕН во вселената

Не беше сам, тука беше и Суни Вилијамс

Додека бил во орбитата, Вилмор водел молитви и пеел духовни песни како „Amazing Grace“, а секоја недела следел и богослужба од друга црква во Тенеси. Тој изјави дека, иако немал физичко заедништво, чувствувал дека тоа е неопходно за неговата ментална стабилност.

Заедно со астронаутката Суни Вилијамс, Вилмор бил дел од мисијата што требало да трае осум дена, но поради одложувања поврзани со технички и организациски причини, останале во вселената речиси девет месеци. Иако не сакаа директно да обвинат некоја страна, Вилмор призна дека и тој, како командант на летот, сноси дел од одговорноста за пропустите во подготовките. „Имаше прашања кои требаше да ги поставам, а не ги поставив“, рече тој.

 

Не беше сам, тука беше и Суни Вилијамс

Причини и последици

Тој дал умерена поддршка на тврдењата на Илон Маск и Доналд Трамп дека продолжениот престој бил резултат на политички одлуки, но додаде дека има доверба во тие што се залагале за нивно враќање.

Иако технички „заглавени“, Вилмор и Вилијамс одбиваат да се претстават како напуштени. Вилмор изјави дека ситуацијата не била идеална, но тие биле подготвени и обучени за тоа, и веднаш се приспособиле.

 

Причини и последици

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *