Астронаутот Скот Кели кој помина цела година во вселената нуди совети за справување со изолацијата

Астронаутот на НАСА, Скот Кели сподели неколку совети како да се справиме со изолацијата. Тој помина скоро една година на Меѓународната вселенска станица, па веројатно знае за што зборува.

Низ целиот свет, владините службеници ги повикуваат луѓето да останат внатре колку што можат, за да помогнат во справувањето со ширењето на коронавирусот и да спречат здравствените системи да станат „презаситени“.

На пример, Баз Олдрин морал да помине 21 ден во карантин по враќањето од Месечината во 1969 година. Тој неодамна понуди неколку зборови на мудрост. За да се заштити од коронавирус, 90-годишниот Баз призна дека „лежи на газот и ја заклучува вратата“. Тој за вежбање вели дека џогира по ходникот.

Сепак Скот Кели даде малко поопширен одговор: „Кога живеете и работите на истото место со денови на крајот, работата може да преземе сè, ако дозволите. Кога живеев во вселената често чекорев лево десно затоа што знаев дека сум таму за долго време, исто како што сме денес.“

Тој исто така советува дека треба да имаме нормален распоред за спиење: „Научниците од НАСА внимателно го проучуваат спиењето на астронаутите кога сме во вселената и открија дека квалитетот на спиењето се однесува на сознанието, расположението и меѓучовечките односи – сите неопходни за минување низ мисија во вселената или карантин дома.“

Скот исто така препорачува кога и да можеме да излеземе надвор, двор, балкон, или барем да отвориме прозорец: „Не треба да вежбате два и пол часа на ден, како што прават астронаутите на вселенската станица, но движењето еднаш дневно треба да биде дел од вашиот карантински распоред.“

Тој исто така советува да останеме „поврзани“ со семејството и пријателите со помош на интернетот и објаснува дека никогаш не пропуштил видео повик во вселенската станица: „Ширењето на коронавирусот ни покажува дека она што го споделуваме е многу помоќно од она што нè разделува, на подобро или на полошо. Сите луѓе се неизбежно меѓусебно поврзани и колку повеќе можеме да се собереме да ги решиме нашите проблеми, толку подобро ќе бидеме.“