Авантурист ни покажува како изгледа стар рудник кој бил напуштен пред 100 години и што оставиле рударите зад себе
Човек кој се преселил во „град на духови“, копа по минатото во вистинска смисла на зборот, истражувајќи напуштени рудници.
Брент Андервуд се преселил во напуштено рударско село во западниот дел на САД пред повеќе од една година и ги открива многуте артефакти и богатства што ги оставиле неговите поранешни жители.
Во новата серија видеа, Андервуд покажува како успеал да го ископа влезот во еден рудник стар сто години, па дури успеа да влезе во тунелот.
Како што очекувате, има многу работи од 19 век закопани под земја, но и некои работи за кои можеби не очекувавте дека ќе бидат оставени таму долу.
Во своите видеа, Андервуд покажува како пронаоѓа стари весници од 1878 година, парчиња скапоцени метали, трупови на животни кои никогаш не успеале да излезат, па дури и искинат пар фармерки.
Но, тоа не е се`. Исто така, напуштени во рудникот од одамна заминати работници, се останати кутии со динамит и други експлозиви што се користат при копање нови тунели.
Авантурите на Андервуд ги воодушевија неговите следбеници, при што едно од неговите видеа доби повеќе од 8 милиони прегледи.
Андервуд, исто така, редовно снима видеа за неговиот живот во градот на духовите на неговиот канал на Јутјуб, „Животот во градот на духови“.