Авганистанец бил принуден да ја продаде својата 9-годишна ќерка за да преживее
Татко од Авганистан e „скршен“ и не може мирно да спие откако морал да ја продаде својата деветгодишна ќерка за да преживее.
Абдул Малик и неговото семејство живеат во авганистански камп во северозападната провинција Бадгис во последните четири години. Досега преживувале со хуманитарна помош и мала сума пари, но нивните средства за живот биле значително намалени под новото талибанско владеење.
Со недостиг на храна, Абдул започнал потрага по работа, но без успех. Тој позајмил „многу пари“ од други роднини, а неговата сопруга дури и ги молела другите локални жители за храна. На крајот, тој рече дека немал друг избор освен да ја продаде својата ќерка Парвана.

„Ние сме осум членови во семејството. Морам да ја продадам за да ги одржам во живот другите членови на семејството“, изјави Абдул, велејќи дека продажбата на Парвана ќе го одржи семејството во живот само неколку месеци. Таа ги молела родителите да и дозволат да остане, велејќи дека сака да продолжи со образованието.
На 24 октомври, млото девојче било продадена на 55-годишен купувач, Ќорбан, за 1900 евра во форма на овци, земја и готовина.
„Ова е твојата невеста. Те молам чувај ја, ти си одговорен за неа сега, те молам не ја тепај“, молел нејзиниот татко, но купувачот рекол дека тоа „не е негова работа“ бидејќи тој плаќал за неа.

„Таа беше евтина, а нејзиниот татко беше многу сиромашен и му требаат пари. Таа ќе работи во мојот дом. нема да ја тепам. Ќе ја третирам како член на семејството. Ќе бидам љубезен“, изјави Ќорбан за медиумите.
„Како што гледам, немаме иднина, нашата иднина е уништена. Ќе морам да продадам уште една ќерка ако не ми се подобри финансиската состојба, веројатно двегодишната“, рече Малик.

Во Авганистан повеќе од три милиони деца на возраст под пет години се изложени на ризик од неухранетост во наредните месеци, а приказната на Парвана станува се почеста.
