Авиокомпанија нуди 7-часовен лет до НИКАДЕ, за „само“ 4000 долари

Најлошиот дел од одморот е стресното патување низ аеродромот и малото богатство што треба да го платите. И покрај ова, австралиската авиокомпанија Qantas им го нуди на луѓето истото искуство, но без вистинскиот, забавен дел од одморот. Авиокомпанијата создаде седумчасовен лет до никаде и звучи како одличен начин да се потрошат 4.000 долари.

За да биде лудилото уште поголемо 134-те билети што беа достапни се распродадоа за само десет минути. Но, зошто Qantas го нуди ова и зошто луѓето ја прифаќаат смешната понуда? Па, авиокомпанијата ветува оптимален преглед на исконските австралиски знаменитости за време на седумчасовниот лет што се врти низ најживописните делови на земјата.

Летот ќе се одвива над Квинсленд, Северната територија и Нов Јужен Велс, вклучувајќи го и Големиот корален гребен, Улуру, Ката jута, Заливот Бајрон и пристаништето Сиднеј.

Пред да бидат распродадени, имало шест билети за бизнис-класа, 24 премиум економии и 104 билети за економи класа. Билетот за економи чинел 787  долари, во споредба со премиум кој чинел 1.787 долари. Во меѓувреме, ексклузивен деловен билет чинел 4.000 долари. Реално најголем број на луѓе не би платиле толку пари ниту за „олинклузив“ одмор, а не за 7-часовен лет, кој не води никаде.