Авион мораше принудно да слета на автопат во Бразил – возачите имаа само неколку секунди да се тргнат за да не завршат во хорор-филм (видео)
Во Бразил се случи вистински хорор на автопат – пилот беше принуден да слета со авион меѓу коли што возат со полна брзина! Инцидентот се случил на 5 април, во сојузната држава Санта Катарина, откако авионот имал дефект на моторот.
На драматичната снимка се гледа како малото летало избегнува електрични кабли, па се спушта меѓу два камиони и вешто се провлекува низ сообраќајот пред да застане крај патот. Возачите имале само неколку секунди да реагираат.
Чудо е што никој не е повреден – 29-годишниот пилот Матеус Ренан Каладо и неговиот 71-годишен патник Валдемиро Жозе Минела поминале без гребнатинка. Полицијата брзо го тргнала авионот и патот бил повторно отворен истиот ден околу 17 часот.
Ова е само еден од низата драматични авионски инциденти во светот во последните месеци – од несреќата во Сао Паоло со жртви, до авион што експлодираше при принудно слетување во Торонто.
Коментирај анонимно