Австралијанка го почувствува горкиот вкус на новогодишните празници откако во елката пронајде „необичен подарок“

Лена Чапман, од Бризбејн, можеби се надевала на подарок под елката, но де финитивно никој не се надева на нешто вакво. Жената која неодамна се преселила од Англија во Австралија, запрв пат го почувствува горкиот вкус на австралискиот начин на живот.

Таа вели дека кога влегла во собата каде што ѝ била елката неколку птици кои редовно го посетувале нејзиниот балкот „полуделе“. Секако Лена не се посомневала во ништо на прв поглед иако ѝ станало чудно. Нејзиниот партнер кој бил со неа почнал да ги снима птиците бидејќи му биле интересни и се наслонил на елката.

Одеднаш нешто се поместило на елката и сфатиле дека има питон од 3 метри на неа. Исто така Лена за прв пат во животот видела питон од таква близина, така што нејзината реакција била полоша од онаа на птиците. Сепак таа вели дека змијата не се вознемирила воопшто, туку продолжила да си одмара на елката.

Лена и нејзиниот партнер решиле да ја остават змијата на елката, па дури почнала и да им станува интересна. Истиот ден околу 10 часот навечер змијата си заминала од нивниот дом, најверојатно за да декорира некоја друга елка.