Австралиец се зачуди кога наиде на голема зелена пчела

Еден австралиец неодамна остана зачуден откако откри пчела со зелена боја.

Корисникот на Фејсбук Индо Чар ја постави извонредната слика на страницата Аматерска ентомологија Австралија, барајќи потврда за точниот вид пчела што ја забележал.

„Здраво, ова ми го испрати еден пријател и имаме чувство дека е можеби пчела од некаков вид“, напиша тој.
Не требаше долго за луѓето да се впуштат во дискусијата преку интернет.

Некои побрзаа да коментираат дека примерокот дефинитивно е „пчела машка  Ксилокопа“.

Други изјавија дека немат „идеја за каков вид станува збор но дека е многу убава“.

Во Декември минатата година, многу австралиски ентузијасти на пчели беа изненадени по откривањето на пчела со сина лента.

Тие биле забележани во секоја држава освен во Тасманија и се пофалуваат со карактеристични ленти во сина боја околу стомакот.

Инсектите, кои не се агресивни, се познати и под нивното научно име Amegilla cingulate. Тие имаат тенденција да живеат осамени животи и не произведуваат никаков мед.

Сините пчели можат да пораснат до 11 mm и обично живеат околу 40 дена.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.