Австралиец доби казна затоа што му го спасил животот на заробениот кит во мрежа
Еден Австралиец би можел да се соочи со парична казна до 27.000 американски долари за ослободување на кит што бил фатен во морските мрежи. Човекот, кој сака да биде познат само како Џанго во вторникот, 19 мај го забележал заробениот кит во водите крај Златниот Брег. Тој ги контактирал властите, но не добил никаков одговор со часови. Така тој решил да тргне со својот брод и да го ослободи цицачот.
„Го видов китот и си помислив: ‘тоа е прилично кул’, но тогаш видов дека е во мрежата и си реков ‘ова не е кул’“, вели Џанго. Нее познато колку долго младенчето од грбав кит било заробено, но Џанго вели дека јажињата веќе почнале да навлегуваат во неговата кожа.
Локалните извештаи велат дека китот бил забележан од беспилотно летало околу 7,00 часот, а екипажот од Министерството за земјоделство и риболов пристигнал на местото на настанот во 9,45 часот. Но, кога пристигнале, китот веќе бил ослободен и околу човекот имало голема група луѓе кои го прогласиле за херој.
За жал, не секој има ист став и Џанго сега се соочува со можност за парична казна од 26.900 американски долари за уништување на мрежите за контрола на ајкулите.
„Да, јас сум во неволја. Не отидов таму за да гледам китови беше скап ден, но како и да е. Вие понекогаш ја плаќате цената, не размислував за казната.“, вели тој.
Додека казната допрва треба да биде официјално издадена, од Квинсленд потврдија дека го истражуваат инцидентот. Министерот за риболов, Марк Фурнер, вели дека Џанго се изложил на огромен ризик за да го спаси цицачот.