Австралија 2022: Маж облечен во женска фетиш долна облека си игра со LEGO коцки со деца и институцијата му дозволи!

Најстариот Австралиски музеј во Сиднеј, дозволи маж облечен во женска долна облека да си игра со LEGO коцки на детски настан и покрај бесот на родителите.

Фотографиите од неодамнешниот настан „Ноќите во музејот“ , за време на Велигденските училишни празници, покажуваат човек во фетиш облека како седи со група мали деца. Човекот е сликан во горен дел и мини здолниште со додатоци со мрежести чорапи и ремен за трегер.

„Дали е ова уметничкиот сектор на Австралија? Не сакам да ги гледам моите деца воспитувани во таа средина!“ – напиша еден родител.

Родителите ужаснати од оваа постапка на музејот се пожалиле на персоналот за безбедност и на организаторот.

„Кога организирате детски настан мора да им дадете приоритет на нивните потреби и благосостојба. Мора да има соодветна личност што ќе ги заштити. Ова е училишен настан, има LEGO простор и маж кој седи со нашите деца облечен така што остава многу малку на имагинацијата. Одвратно!“ – вели еден од родителите.

„Бизарните“ фотографии предизивикаа многу гнев и контроверзии за времето во кое живееме. Луѓето го повикуваат музејот да размисли како ќе се одвиваат идните настани за деца за време на училишниот распуст.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!