Австралијанец во тестаментот наместо на жената му оставил 2 милиони долари на својот онлајн „љубовник“ од Америка

Вилијам Ијан Саути од Мелбурн оставил тестамент во кој го именувал својот онлајн партнер Кајл Стјуарт Џексон како извршител и главен наследник на огромно богатство. По неговата смрт, екс-сопругата Кеј Мозли открива дека Џексон – едноставно не постои. Оваа неверојатна приказна ги открива опасностите од онлајн мамењата и болката што ја предизвикуваат на семејствата.

Австралијанец во тестаментот наместо на жената му оставил 2 милиони долари на својот онлајн „љубовник“ од Америка

Онлајн љубов и таен тестамент: Саути му оставил цел имот на човек кого никогаш не го сретнал

Саути бил во долгогодишна врска со друг маж се до смртта на тој маж во 2017, а потоа се повлекол во светот на онлајн комуникациите. Во 2022 година, се зближил со извесниот Кајл Стјуарт Џексон, со кого планирал дури и брак, иако никогаш не се запознале лично. “Покојниот го составил тестаментот во контекст на планирање можен брак со Џексон, иако никогаш не се виделе лице-в-лице”, стои во судските наоди на судиката Керолин Ен Гаулден.

Онлајн љубов и таен тестамент: Саути му оставил цел имот на човек кого никогаш не го сретнал

Жената што ја наследила вистината: Кеј Мозли и адвокатите откриваат измама со тестаментот вредна 2.5 милиони долари

Според тестаментот, Кеј Мозли добила 100.000 долари, а остатокот, вклучувајќи куќа во елитната населба Кју, требало да оди на Џексон. Но, по смртта на Саути, таа и нејзините адвокати се обиделе да го контактираат Џексон преку имејл. Набрзо наишле на сомнителни одговори: „Лицето кое се претставувало како Џексон рекол дека никогаш не бил во Австралија ниту се видел лично со покојниот“, објасни судот. Кога беше повикан на видеоповик, Џексон престана да одговара, а следното што пристигна беше имејл во кој ги отфрла сите права над имотот: „Сакам со почит да се откажам како наследник на имотот на Вилијам. Не го сакам, не го заслужувам“, стои во судските документи.

Жената што ја наследила вистината: Кеј Мозли и адвокатите откриваат измама со тестаментот вредна 2.5 милиони долари

Но драмата продолжува: Барања, мистерии и лажен пасош го вжештуваат сомнежот

Во март 2023, адвокатите повторно се обидуваат да стапат во контакт со мистерозниот Џексон. Овој пат добиваат одговор со неочекувани барања: „Морам да бидам информиран за секој чекор од процесот на извршување, право на 15 отсто од имотот и ќе одлучам на која личност или хуманитарна организација ќе ја донирам мојата сума“, стои во имејл. Џексон понатаму бара комуникацијата да биде само преку Кеј Мозли: „Мојата врска со Вилијам беше посебна и уште не се имам опоравено од неговата смрт.“ На барање на адвокатите, Џексон испраќа наводна фотографија од американски пасош и адреса во Пенсилванија, но на неа никој не го познава Џексон. Подоцна, истиот „Џексон“ тврди дека доживеал несреќа и прашува дали е доцна да ја уреди документацијата. Кога му кажуваат дека веќе е доделено правото на Мозли, следува гневен одговор: „Сигурен сум дека Вили се превртува во гробот… Секогаш сакаше да им помогне на своите во Фиџи и на сиромашните, жално што тоа нема да се оствари.“

Расветлување на измамата: Приватен детектив докажува дека Џексон е измислен лик и судот ги дава сите наследнички права на поранешната сопруга

Правната битка продолжува. Адвокатите ангажираат приватен детектив од САД кој во јули 2024 потврдува: пасошот е фалсификат, а Кајл Стјуарт Џексон не постои. Податоците се презентирани пред Врховниот суд во Мелбурн. „Тужителот ја покрена оваа постапка бидејќи идентитетот на Џексон не можеше да се провери и постоеше голема неизвесност дали Џексон постои воопшто“, наведува судот. Судиката Гаулден во декември донесе одлука: „Задоволна сум дека лицето Кајл Стјуарт Џексон не постои на начинот на кој мислел починатиот, ниту воопшто.“ Како резултат, Кеј Мозли ќе го наследи целиот имот во тестаментот.

  • PERO KUMPLUG напиша:

    Kako ja ne go ebev MAMU VI EBAM KAAAAKOOOOO?? pa da mi ostaese 2 miliona u pickup MATER!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *