Австралијците сакаат да направат „бесконечен воз“ кој никогаш не треба да запре и да добива енергија на интересен начин
Доцнењето и откажувањето на возовите се најголемиот проблем за секој патник. Но, немилосрдните доцнења секако би биле сведени на минимум доколку постои воз кој никогаш не би требало да се запре за гориво бидејќи би имал постојан извор на енергија.
Австралиските инженери работат токму на тоа како дел од проект вреден 50 милиони долари. Нивната задача е да го создадат првиот таканаречен „инфинити воз“ (Infinity Train) во светот, придвижуван од гравитацијата и кој би бил пуштен во железничката мрежа на крајот на оваа деценија.
Тој воз на иднината ќе работи на електрична батерија која нема да треба да се полни со конвенционална инфраструктура за полнење, бидејќи наместо тоа ќе користи гравитациона енергија на делови од пругата што оди надолу.
Сопирањето со триење за да се забави возот повторно ќе генерира електрична енергија и теоретски значи дека возот може да превезува материјали и луѓе еден ден без потреба да застанува за гориво и нема да има потреба од инфраструктура за снабдување со електрична енергија.
Австралиската инженерска фирма Fortescue Future Industries, која стои зад планот, вели дека исто така ќе ја елиминира потребата од дизел возови. Нивниот воз ќе работи на ист начин како што возат хибридните електрични автомобили.
Компанијата го објави возот по купувањето на компанијата за батерии со седиште во Велика Британија, Williams Advanced Engineering (WAE). Заедно, двете компании ќе работат на забрзување на транзицијата кон зелена енергија и ќе и помогнат на индустријата да ги намали емисиите на јаглерод на нула до крајот на деценијата.
„Infinity Train ќе се придружи на зелената флота на Fortescue во развојот и ќе помогне да се направи Fortescue главен играч на растечкиот глобален пазар на зелена индустриска транспортна опрема, обезбедувајќи голема вредност за нашите акционери.“, рече д-р Ендрју Форест, основач и претседател на Fortescue.
Светот мора, и очигледно може, да се движи подалеку од неговата високо загадувачка, смртоносна ера на фосилни горива, додава Форест.
Тој рече дека Infinity Train треба да помогне да се забрза трката на Фортеску за постигнување нето нула емисии до 2030 година, а исто така ќе ги намали оперативните трошоци и ќе создаде поефикасни опции за одржување.
Железничките операции на Фортеску вклучуваат 54 локомотиви кои превезуваат 16 комплети возови, заедно со друга мобилна опрема на пругата. Секој воз е долг околу 2,8 километри и може да пренесе 34.404 тони железна руда во 244 вагони. Системот во моментов се потпира на дизел мотори, кои трошат 82 милиони литри дизел гориво годишно.
Компанијата се надева дека драматично ќе ја намали таа употреба и на крајот ќе ја укине во следните неколку години со помош на својот проект Infinite Train.
„Infinity Train има капацитет да биде најефикасната електрична локомотива со батерии во светот. Регенерирањето на електрична енергија во спуст ќе ја елиминира потребата од инсталирање инфраструктура за производство и полнење на обновлива енергија, што ќе го направи економично решение за елиминирање на дизелот и емисиите од нашите железнички операции.“, рече извршната директорка на Fortescue, Елизабет Гејнс.
Но, дури и ако австралиските инженери успеат да ја искористат технологијата за да создадат таков воз, може да бидат потребни месеци или дури години за да се имплементира во други железнички системи ширум светот.