Австралиска студентка почнала да прави накит со свои раце за време на карантините и станала милионерка

Девојката со име Нина Алстон имала многу слободно време кога наставата на универзитетот почнала да се одржува онлајн. Таа решила да помине еден бесплатен онлајн видео курс за рачна изработка на накит. Токму тоа ѝ го сменило животот.

Нина објасни дека сакала да научи како да прави накит со свои раце, бидејќи сака да носи накит и постојано е во потрага по квалитетни предмети по ниска цена.

На почеток интересното хоби станало почетна точка за започнување сопствен бизнис, со чија помош успеала да стане милионерка. Најпрвин таа правела додатоци за забава, а потоа ги ставила на продажба на Интернет и успеала веднаш да ги заработи првите пари. Потоа Нина основала бренд за накит и отворила онлајн продавница.

За првите шест месеци од постоењето на брендот, девојката успеала да заработи повеќе од 100 илјади долари. Потоа, производите на нејзината компанија го привлекоа вниманието на познатите личности, меѓу кои манекенката Оливија Роџерс, блогерката Тами Хемброу, како и личните стилисти на актерката Оливија Родриго и моделот Хејли Бибер.