Австралиска тинејџерска банда крадци на автомобили си направиле Инстаграм затоа што ако не се пофалиш исто како да не си го направил

Тинејџерите се снимале како возат со 230 на час со украден луксузен автомобил, мафтајќи со ножевите. На инстаграм профилот на бандата прикачиле стотици фотографии и видеа и од март до сега собрале дури 13.600 фанови.

На неколку фотографии се гледаат и маскирани тинејџери кои позираат пред украдените автомобили, вклучувајќи Мерцедес, Ауди, па дури и спортско Бентли вредно околу 345.000 американски долари.

Сега следува интересниот дел. Со својот Инстаграм профил, тие веднаш го привлекле вниманието на полицијата, која почнала да ги следи уште од април.

Полицијата објасни дека тинејџерите ја користеле страницата на социјалните мрежи за да си испраќаат пораки и да организираат размена на украдени автомобили на неколку паркинзи низ Бризбејн.

„Автомобилите потоа се возеле во нови области, што подалеку од местата каде што биле украдени, за да не бидат пронајдени.“