Австралиската убавица која претрпе 85% изгореници на телото во пожар собра храброст да направи фотосесија

Керол Мајер, од Карнс, Квинсленд, Австралија, не се сеќава на тоа како започнал пожарот во 2000 година. Сè што знае е дека таа и нејзиниот 18-месечен син, Зак, успеале да избегаат од домот.

Додека тој бил неповреден, таа била во кома осум недели, проследено со девет месеци интензивно закрепнување во единицата за изгореници, со повеќе од 100 операции.

Денес „вистинскиот борбен дух“ на 53-годишната Керол е потврден од нејзината последна соработка со Брајан Каси, наградуваниот фотограф од Лондон, кој моментно работи низ Австралија. Нејзиниот портрет, насловен „Кожата во која сум“ беше дури и во потесен избор за наградата Портрет на човештвото 2020.

И покрај тоа што не сфаќала како дошло до изгорениците Керол, која во 1983 година го освои Мис Норт Аспли, објасни дека ќе знаете дека сте се подобриле откако ќе научите да бидете трпеливи, а со тоа што се прифаќате такви какви што сте ја учите и трпеливоста.

За Керол не било најтешко да ја соблече долната облека. „Кога Брајан првпат ми пријде, првото нешто за кое размислував беше дека ќе ми ја извади лентата за глава. Нормално носам лента за глава затоа што ме прави да се чувствувам сигурна и се чувствувам гола без тоа.“, рече таа.

Фотографот првин се двоумел дали да бара од Керол да го покаже целото тело и влијанието кое пожарот го имал врз неа. Сепак на кафе се договориле да ја направат фотографијата и сега целиот свет зборува за нив.