Австриец помина рекордни 150 минути во кутија исполнета со коцки мраз

За повеќето луѓе, поминувањето два и пол часа во кутија полна со мраз би била нивната замисла за пеколот. Поточно и 5 минути во вакви услови се многу. Јасно е дека Џозеф Коберл не е повеќето луѓе, бидејќи спортистот неодамна успеа да остане во ваква кутија два часа, 30 минути и 57 секунди – надминувајќи го сопствениот рекорд за најдолг контакт на целото тело со коцки мраз.

Повеќе од 200 килограми коцки мраз беа потребни за да се наполни специјално направената кутија, а Австриецот стоеше во неа само во костим за капење.

Настапот се случи на градскиот плоштад Мелк во Долна Австрија, приближно 90 километри западно од австриската престолнина Виена, со мала толпа луѓе кои се собраа да гледаат како Киберл се обидува да го победи неговиот претходен рекорд.

И тоа го стори, со тоа што спортистот го сруши својот рекорд во 2019 година за повеќе од 20 минути, така што беше потопен во мраз два часа, осум минути и 47 секунди. Пред тоа, рекордот го држеше кинескиот атлетичар Џин Сонгхао во Ксиамен, Кина, кој мина еден час, 53 минути и 10 секунди во директен, целосен контакт со мраз во 2014 година.

Не само што Коберл успеа да го сруши сопствениот рекорд, туку неговиот тим рече дека неговиот личен рекорд е исто така тековен светски рекорд кога станува збор за изложување на телото на мраз што е можно подолго. Температурата на Коберл се следеше во текот на два и пол часа додека тој беше во кутијата, а потоа неговото здравје го проверија медицинските службеници со брза помош на лице место.

Па, само како успеа во тоа? Спортистот рече дека се обидувал да се фокусира на позитивните емоции во текот на перформансот со цел да се бори против „бранот на болка“ предизвикан од ниската температура.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!