Автономниот камион на Волво, Вера ја доби својата прва работна задача

Бројот на производи кои се носат низ земјите во светот постојано се зголемува и поради ова секогаш постои потреба на пазарот за камионџии. На оваа професија ѝ се заканува Вера, автономниот камион на Волво. Камионот, односно платформата за возење наречена Вера, нема простор каде што би можел да се смести возач.

Само мозок, мотор, батерии и тркала. Сега Вера ја доби својата прва работа за да можат од Волво да се осигураат дека е безбедна за патиштата. Таа тренесува стока во контејнери за почеток на кратка релација. Вера патува од центарот за логистика на Волво, до блиското пристаниште. Сѐ уште не се знае кога Вера официјално ќе се појави на патиштата.