„Аџибадем Систина“ со поддршка за повредените во трагичната несреќа

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изразува длабоко сочувство со семејствата на жртвите и нуди бесплатен третман за сите повредени. Од 16 март досега, во Ургентниот центар се прегледани 19 пациенти, од кои четворица се хоспитализирани, а дел веќе се пуштени на домашно лекување.

По добивањето на информацијата за несреќата, болницата формираше Кризен штаб, кој е во постојана координација со надлежните институции. Создаден е и специјален лекарски конзилиум за оптимален третман на пациентите, а на располагање се 20 интензивни места за најкритичните случаи.

Третманот на пациентите е според светски стандарди, што го потврдија и странски експерти од Израел и Чешка. Покрај болничкиот третман, „Аџибадем Систина“ активно учествува и во медицинскиот транспорт со три специјализирани возила, опремени за интензивна нега. Досега се извршени 18 транспорти, вклучувајќи четири меѓународни до Солун и дванаесет до аеродромот Петровец.

Болницата останува посветена на грижата за повредените и поддршката на заедницата во овој тежок момент.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *