Баба купува бикини (виц)
Една баба решила да си купува костим за капење. Отишла во трговски центар, зела едни бикини и влегла во гардеробата да ги проба.
Откако се задржала прилично многу време внатре, учтивиот вработен се приближил до кабината и ја прашал:
– Госпоѓо, сè ли е во ред? Дали треба да ви го донесам и горниот дел?
– Аааа, нема потреба, чедо, сè се собра во долниот дел.
