Баба од Калифорнија ги шокираше сите откако реши да ја открие својата возраст

Алис Васкез, која живее во Калифорнија има изглед на кој може да му подзавиди било која 20-годишна девојка. Дури и самата Алис не изгледа како да има над 25 години. Сепак, верувале или не, оваа жена има внучиња и е мајка на две, сега возрасни, деца.

Васкез одлучила дека е најдобро да ја открие својата возраст на слебениците: „Ја објавив мојата возраст преку Инстаграм за да ги инспирирам жените на моја возраст дека не мора да се криеме доколкусе чувствувале постари и луѓето одговорија на многу позитивен начин.“

Алис оваа година наполни 41 година, иако тоа не се гледа на нејизното лице. Доколку дополнително ве изненадува како на 41 година станала баба, тогаш треба да знаете дека станала мајка на многу рана возраст. Првата ќерка ја добила кога имала само 16 години, а второто дете 3 години подоцна. Нејзините 2 деца исто така станале родители на млада возраст, во своите 20-ти, па така Алис заврши како „баба“.

Васкез, која е инструкторка по јога, вели дека 20-тите години од нејизниот живот ѝ поминале како низ магла, затоа што била млада мајка и немала воопшто време за себе, односно како што вели таа била на принцип на „преживување“. Затоа сега младата баба ужива во забави, заедно со нејзините деца и пријатели и не планира да престане наскоро.