Баба заработува 200$ на час така што им праќа „возбудливи“ видеа на мажи од сите генерации

Тами Балтин од Лонг Бич, Калифорнија пред 3 години завршила 20-годишна врска и решила да се приклучи на неколку апликации за запознавање.

Сепак, 60-годишната жена набргу била преплавена со несакани експлицитни фотографии од мажи и така таа дошла до идеја да стане „модел преку веб-камера“.

Сега бабата им наплаќа на младите мажи 200 долари на час да ја гледаат како ги изведува своите настапи за момците кои имаат фетиш за стапала и месечно заработува над 3.000 долари. Тами, која сега се опишува себеси како се*суален работник, никогаш не помислила дека е привлечна, велејќи дека е „мошне свесна“ за начинот на кој таа е перцепирана од светот.

Таа вели дека постојано добивала непристојни понуди на интернет и кога сфатила дека „не може да ги победи“ решила да им се „придружи“.

Таа сега на интернет се претставува под името Bluemynx и има мрежа на обожаватели која се состои од претежно студенти и женети мажи на возраст од 18 до 35 години.

Нејзините клиенти имаат можност да ја видат Тами целосно гола или во долна облека, па дури можат да побараат и крупен кадар од стапалата, за кои вели дека се „многу флексибилни“. „Имам долги прсти, плус можам да ги артикулирам нозете. Мажите се фасцинирани од нозете, но чувствуваат дека не треба да бидат. Бидејќи во нивните глави не е логично или исправно да се возбудуваат на стапала, тие се валкани.“, објаснува Тами.

Таа работела повеќе професии во текот на животот од шанкерка до извршна асистентка, но вели дека во ниту една не била „навистина таа“. Иако знае дека многу луѓе не се согласуваат со нејзината нова професија сепак им препорачува да бидат свои и да ја остават и таа да биде своја.