Бабата и дедото без да садат компири, случајно успеале да ископаат еден џиновски, тежок неверојатни 7,8 кг
Новозеландскиот пар Колин и Дона Крег-Браун ископале огромен компир, кој го нарекле Даг, на нивната фарма во Хамилтон. Тие воопшто не знаеле дека компирот е таму, бидејќи го пронашле во редовите насадени со краставици.
Дона рече: „Не можевме да поверуваме. Тој беше само огромен, но грд“.
Сопружниците го одвлечкале Даг во својата гаража, го ставиле на стара вага и виделе дека тежи речиси 8 килограми.
Официјалното мерење во локална продавница покажало тежина од 7,8 кг. Најтешкиот компир кој до сега бил запишан во Гинисовата книга на рекорди бил пронајден во 2011 година и тежел 4,9 килограми.
Двојката вели дека поднела барање до Гинисовата книга на рекорди за Даг да биде признаен и чекаат одговор. За неколку недели од нивното откритие на 30 август, компирот Даг стана нешто како славна личност. Колин дури направил мала количка за да го шета со Даг со себе.






