Бабата и дедовците во старечки дом (виц)

Една постара дама се вози низ ходникот во домот за стари лица во нејзината инвалидска количка.
Одеднаш стариот господин Ристо излегува од вратата од неговата соба и ја запира госпоѓата во инвалидска количка со зборовите:
– Возачка дозвола ве молам!
Госпоѓата бара во нејзината чанта, вади бонбона и му ја подава на г-дин Ристо.
Тој вели:
– Добро, можеш да возиш!
И госпоѓата вози.
Неколку врати понатаму, дедо Даме застанува на патот, ја запира госпоѓата во инвалидска количка со зборовите:
– Ве молам дајте ми ја сообраќајната дозвола за возилото!
Постарата госпоѓа повторно бара во нејзината чанта додека не најде бонбона, која му ја подава на дедо Даме. Тој ја зема бонбоната и вели:
– Ве молам продолжете да возите!
Госпоѓата вози понатаму по патеката кога наеднаш се отвора вратата на г-дин Пејо, кој застанува на патот со огромна ерекција.
Постарата госпоѓа во инвалидска количка вели:
– О, не, не повторно алкохолна контрола…