Бабата избегала со зетот откако ќерка ѝ се породила

Животот на 24-годишната Џес Олдриџ од Чипинг Нортон, Англија се распаднал откако мајка ѝ ја поканила неа и нејзиното момче да живеат заедно со неа и таткото на Џес. 44-годишната Џорџина велела дека сакала да ѝ помага на двојата бремена ќерка која веќе имала едно мало дете, но наместо тоа почнала да флертува со 29-годишниот зет.

Џес вели дека нејзината мајка и нејзиното момче секоја вечер пиеле и се смееле во кујната додека таа и нејзиниот татко гледале телевизија во дневната. Таа почнала да приметува дека мајка ѝ намерно носи кратки здолништа и фустани и дека потенцијалниот зет Рајан Шелтон постојано ја пипка. Таа го обвинила дека има нешто со нејзината мајка, но тој негирал.

Откако Џес се породила два дена подоцна Рајан ѝ напишал порака дека ја остава затоа што „претерала со обвинувањата дека тој има нешто со нејзината мајка“. Но, во исто време и нејзината мајка си заминала од куќата и отишла да живее заедно со Рајан. Тие неколку дена подоцна откриле дека се заедно и не ни помислиле ниту да се извинат.

„Ова е највисок степен на предавство. Очекувате новата баба да го сака детето, а не неговиот татко. Таа требаше да биде баба на моите две деца и да ми помогне да ги чувам, но наместо тоа, таа спие со мојот дечко. Срцето ми е скршено. Изгубив сè: и мајката и таткото на моите деца.“, вели Џес.