Бабата која наместо спасување доби рингишпил-авантура сега сака скапо да им наплати за возењето

Дали се сеќавате на 74-годишната баба која се повредила додека шетала по планината и побарала помош, а набргу дошол спасувачки хеликоптер? Доколку не се сеќавате или не сте ја виделе бабата баксуз моежете да го направите тоа тука. Од видеото што беше направено може да се види дека хеликоптерот прилично ја изврте бабата и најверојатно таа зажалила што ги викнала.

Неверојатната снимка беше споделена далеку и широко на почетокот од оваа година, откако Каталин Метро тргна на пешачење по Пикшева Пик, близу Феникс и се сопнала додека се движела по патеката. Сега таа сака да му наплати на градот Феникс за траумата од неговите служби и го тужи за цели 2 милиони долари.

Според Каталин, таа им кажала на спасувачите дека не сака да ја кренат со хеликоптер, но тие не ја послушале. Како резултат на тешко искушение, таа тврди дека претрпела физички, емоционални и психолошки повреди, а во тврдењето се наведува лекар во Медицинскиот центар Линколн кој изјавил дека Метро има оток и модринки во очите, крв во аудитивните канали и мек оток на ткиво во делови од главата. Метро, исто така, очигледно барала операција за повреда на ‘рбетниот мозок по спасувањето.

Метро била префрлена од болница во центар за рехабилитација во медицинскиот центар „Свети Јосиф“ на 11 јуни и била пуштена по околу две седмици, пред да започне вонболничката терапија во јули. Третманите меѓу јуни и јули резултирале во медицински трошоци од над 290.000 американски долари.

Бабата е подготвена да „им прости“ за „само“ 2 милиони долари. Претставници на Феникс изјавиле дека не можат да коментираат поради очекување на парница.