Бабата што станала проститутка (виц)

Се среќаваат две баби и едната ѝ вели на другата:
– Кај си ма Стојно? Многу добро изгледаш – дотерана, подмладена…
– Еее Митро, одам на сауна, на масажа, на фризер, на маникир и педикир, се хранам здраво.
– Навистина? Сите тие работи ги правиш? Како со таа бедна пензија?
– Не мори па ти, со пензијта, пф… Започнав да работам како проститутка.
Баба Митра молчи, видно потресена, Стојна продолжува:
– Секоја вечер го земам столчето што си го носеше на риба дедо Јован, Бог да го прости, и одам позади МТВ. Седнувам таму и после половина час доаѓа едно момче и ми вели „Ајде бабо, еве ти 1000 денари и да те нема од тука, ни ги бркаш муштериите!“