Бабун на кој требало да му направат вазектомија ги грабна „сопругите“ и избега во Сиднеј

Ако некогаш се прашувавте дали има вистина во изреката „дрзок мајмун“ погледнете го овој бабун, кој избега од својата операција за вазектомија заедно со две женки. Вазектомија е процедура која се применува кај мажите за да се оневозможи зачнувањето, преку подврзување на семеноводите. Така што очигледно овој мајмун бил малку ненаситен.

Сепак на бабунот не му се допаднала идејата па неговото бегство било снимено на паркингот во болницата „Кралскиот принц Алфред“ во Сиднеј, Австралија. Министерот за здравство, Бред Хазард, изјави дека машкиот бабун требал да биде подложен на вазектомија во болницата и бил придружуван од неговите две сопруги, за да му биде удобно. За среќа животните наскоро биле фатени од полицијата и службата за диви животни и сега се на безбедно.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.