Бајден ги заштити Фајзер и Модерна од тужби за повреди и смртни случаи од вакцините против Ковид до 2029 година

Администрацијата на Бајден, пред да замине, тивко го продолжи законот кој ги заштитува производителите на вакцини против Ковид од тужби за повреди или смртни случаи.

Според претставниците на Министерството за здравство (HHS), ова е неопходно бидејќи сè уште постоело „веродостоен ризик“ дека пандемијата би можела повторно да излезе од контрола во следните четири години, иако смртните случаи и хоспитализациите од Ковид се на историски ниско ниво.

Законот за јавна подготвеност и итни мерки (PREP Act), кој беше воведен во 2020 година, првично служеше за охрабрување на производителите на вакцини да го забрзаат истражувањето без страв од правни последици поради несакани ефекти.

Последното продолжување на овој закон, обновено во мај 2023 година, исто така ги заштитува здравствените работници и болниците што ги администрираат вакцините од правни одговорности.

Оваа одлука може да предизвика незадоволство кај новата администрација на Трамп, која го номинираше истакнатиот скептик за вакцини Роберт Ф. Кенеди помладиот за нов шеф на Министерството за здравство.

Кенеди долго време се бори против вакцините, тврдејќи дека тие предизвикуваат аутизам, и сега предводи иницијатива за зголемена одговорност на производителите на вакцини за штети предизвикани од нив.

Оваа одлука исто така би можела да ги налути Американците кои тврдат дека претрпеле повреди од вакцините и чувствуваат дека нивните случаи се игнорирани.

Националните програми за компензација покажуваат дека од 2020 година досега се поднесени 13.000 барања за повреди предизвикани од вакцините или други ковид-третмани. Околу 10.000 од нив сè уште чекаат на разгледување, што значи дека само околу 3.000 случаи се обработени.

Овие случаи не се покриени од Програмата за компензација за повреди од вакцини (VICP), туку од Програмата за компензација за повреди од противмерки (CICP), која нуди финансиска компензација без директно држење на производителите одговорни.

Претставниците на Министерсвото за здравство, под раководство на секретарот Ксавиер Бечера, ја објавија оваа одлука пред два дена, наведувајќи дека истата нема да влијае на CICP или VICP.

Законот за јавна подготвеност и итни мерки првпат беше применет во 2020 година од тогашниот шеф на Министерството за здравство, Алекс Азар Втори, за да се мобилизираат ресурси против вирусот.

Законот ги заштитува фармацевтите, техничарите, лекарите и другите здравствени работници од правна одговорност за несакани ефекти од експериментални третмани за време на здравствени кризи, освен во случаи на „намерно несовесно однесување“.

Во образложението на Министерството за здравство се вели: „Определивме дека постои веродостоен ризик Ковид-19 во иднина повторно да стане вонредна состојба, и затоа ја продолжуваме оваа декларација за да се подготвиме и да го ублажиме тој ризик“.

 

Додека, некои поединци тврдат дека вакцините им предизвикале сериозни здравствени проблеми, како што е Каролин Станцик, 24-годишна специјалистка во Националната гарда, која развила проблеми со срцето по вакцинацијата.

Таа е дијагностицирана со Постурален ортостатски тахикардичен синдром (POTS), состојба што предизвикува неправилна работа на срцето при менување на положбата од седење или легнување. Ова доведува до несвестици, забрзано чукање на срцето и вртоглавица.

 

Станцик изјавила дека откако ја примила вакцината, претрпела три мини-срцеви удари и морала да вгради пејсмејкер за да го регулира срцевиот ритам, иако претходно немала никакви срцеви заболувања.

Таа е една од многуте војници кои ја примиле вакцината додека таа беше задолжителна за војската, правило што беше укинато во јануари 2023 година.

  • dimce напиша:

    Kovidot bese najgolemoto potcenuvanje na coveckata inteligencija-no tuka sepak ne padnaa dotolku Rusija,a osobeno Belorusija,Kuba i uste nekoja zemja koi ziveea kolku tolku normalen zivot i ne dozvolia godina i nesto da im bide odzemeni od nivnite zivoti.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *