Баксузи на квадрат: Овие маж и жена направиле сообраќајка со своите возила, но ситуацијата се искомплицирала кога пристигнала полицијата

Сте слушнале за изразот „Две муви со еден удар“, епа токму на тоа биле сведоци овие полицајци. Полицијата од Њуберг, Орегон почнала потера по 27-годишниот Ренди Ли Купер кој уркал Toyota Land Cruiser.

Откако сопственикот на автомобилот пријавил дека му е украден, полицијата успешно го пронашла и почнала потера по Ренди. За жал Ренди во обид да ѝ избега на полицијата предизвикал сообраќајна несреќа и удрил во друг автомобил.

Полицијата веднаш интервенирала, но откако го провериле и вториот автомобил не им се верувало дека постои и ваква случајност. И вториот автомобил бил украден. Автомобилот Buick бил украден од 25-годишната Кристин Никол Беге, која освен што украла автомобил била под дејство на алкохол и дрога. За разлика од Ренди, Кристина успеала да си го вози украдениот автомобил 3 недели пред Ренди да удри во неа.

За среќа ниту еден од нив не бил повреден. После несреќата, Купер бил уапсен за неовластено користење моторно возило, обид за избегнување полиција, напад-3, несовесно возење и други сродни кривични дела. Во меѓувреме, Кристина била уапсена за возење под дејство на алкохол и неовластено користење моторно возило.

„Никој од нас досега не слушнал дека на некој му се случило вакво нешто, можеби влеговме во историјата.“, се пошегувал еден од полицајците.