Балерини смислија начин како луѓето да посвојуваат повеќе бездомни животни

Проектот „Танчери и кучиња“ започна одеднаш кога фотографскиот пар Кели Прат и Јан Креидич требале да фотографираат балерини со кучиња. Двојката работи за балетската компанија Сент Луис Балет и патува низ САД фотографирајќи танчери на проби за настапи. Тие неодамна започнаа проект наречен Muttcracker, каде што балерините од Сент Луис се фотографираат со кучиња и мачиња од засолништа за животни, кои се на располагање за посвојување. Со овој проект тие се надеваат дека ќе им го привлечат вниманието на луѓето за да посвојат домашно милениче.