Балканандолија: „Откриен“ континент кој се наоѓал во нашето соседство

Пред 40 милиони години, континент населен со необични животни се протегаше меѓу Балканот и Анадолија, потврди новата студија објавена во Earth-Science Review. Затоа научниците го нарекле Балканандолија.

Денес, Балканандолија е претежно потопен под источниот крај на Средоземното Море, но во еоценот, кој траел од 56 до 34 милиони години, континентот бил издигнат над водата.

Се верува дека постоењето на Балкандолија овозможило пенетрација на животните од Азија во Европа, што драматично ја променило нејзината фауна. Покрај тоа, огромен број домородни европски цицачи доживеале ненадејно исчезнување пред околу 34 милиони години, познато како Grande Coupure.

Фосилните анализи покажаа огромен прилив на азиски цицачи кои се движат по големина од хрчаци до носорози кои најверојатно имале фатално влијание врз домашните видови.

Истражувачки тим предводен од Алексис Лихт од Националниот центар за научни истражувања во Франција откри ново фосилно наоѓалиште во Турција кое датира од еоценскиот период. Во него се пронајдени делови од вилицата на животно што личи на носорог.

Токму новите анализи на фосилите од цицачи низ Евроазија го потврдија постоењето на биогеографски регион на Балканот кој досега не бил препознаен во професионалните кругови.

Истражувачите предупредуваат дека овие тези за поврзаноста на Европа и Азија преку Балканот се само почеток и дека треба да продолжат да се истражуваат за да се добие поцелосна слика за биодиверзитетот на овој простор.