Балканец заборавил дека е во Англија и го уништи автомобилот на пробно возење
Калвин од Англија има свој авто плац каде што продава секаков вид на автомобили. Еден ден човек дошол и сакал да испроба еден скап Јагуар. Сепак тој не само што не побарал дозвола од сопственикот, туку и малку заборавил во која држава се наоѓа.
Балканецот се судрил со Мерцедесот на локален жител, откако му влегол во лентата. Драмата станува поголема кога човекот се обидува да објасни како дошло до несреќата. Малку „слабо англискиот“ но, се разбраа со Кавлин дека до несреќата наводно дошло кога Мерцедесот се движел по „мидл“ односно во средина на патот и балканецот помислил дека тој планира да сврти надвор од патот по неговата лента. Барем ние така го разбравме.
За жал на крај тој беше оној кој си го „купи“ Јагуарот, кој дефинитивно не е во добра состојба, а најверојатно ќе треба да плати и за Мерцедесот.
