Балканот не би се согласил! Американец вели дека го купил „најлошиот автомобил некогаш направен“
„Денес, го купив најлошиот автомобил некогаш направен – Југо ГВ од 1986 година.“, вели Американецот од видеото. Тој го купил автомобилот и одлучил да го поправи и додава и дека е полошо отколку што изгледа. Како и што се очекува Балканот се крена на нозе и доби еден куп коментари во кои се брани „честа“ на Југо.
Коментари од типот: „Зборувај ти што сакаш Југо беше лимузина за нас во Југославија!“. Има и други коментари во кои се додава дека автомобилот можеби не е за трки, но е економичен и лесен за одржување и многу луѓе се пофалија дека сѐ уште го возат своето омилено Југо.