Балони на закачалка: Кејти Прајс гордо ги прошета своите хируршки достигнувања низ Ибица

Кејти Прајс повторно е во центарот на вниманието – овојпат на плажите во Ибица, каде гордо прошета во бикини што не остава многу на имагинацијата. Бившата „гламур дива“ (45) се одмораше и се капеше, откривајќи го резултатот од, како што самата вели, нејзината најболна козметичка процедура досега – Brazilian Bum Lift (BBL), изведен во Турција.
И покрај тоа што призна дека „не ѝ изгледал природно“ и бил „ужасно болен“, таа и понатаму не се откажува од естетските зафати, па дури изјави:
„Никогаш повеќе не би правела операција во Англија. Секогаш само во странство.“

Балони на закачалка: Кејти Прајс гордо ги прошета своите хируршки достигнувања низ Ибица

 

Има над 16 операции само на градите

Во својата кариера, Кејти има над 16 операции на гради, 3 на нос, 2 лифтинга на лице, а и понатаму планира нови зафати. Се појави и видео каде самата признава дека „се гледа грдо и лажно“ додека гледа снимка од себе пред уште една операција.
На Snapchat се обиде да ја смири загриженоста на фановите околу нејзината нагла загуба на килограми, објаснувајќи дека тоа е резултат на долг период без движење поради повреда, хормонски третмани за ИВФ и желбата да си го врати „старото тело“.

Има над 16 операции само на градите

Дали целата оваа трансформација веќе премина граница?

„Гледајќи се сега, сакам уште повеќе да коригирам. Мислам дека сè уште има простор за ‘повлекување’ на кожата.“ – вели таа, не сокривајќи ја зависноста од хируршкиот нож.

Дали целата оваа трансформација веќе премина граница?

Motika#45252

Motika#45252

Motika#45252

Motika#45252

Motika#45252

Motika#45252