Барби спиеш ли мирно? „Потрошив 73.000 долари на операции и не планирам да престанам додека не ја постигнам целта“
Запознајте го Патрик, поединец кој се најде на насловните страници поради….па погледнете го и самите ќе сфатите поради што. Потрошил вкупно 72.719 долари на ботокс, филери и операции за да постигне изглед како на кукла, Патрик стана познат по неговата руса коса, долги трепки и полни усни, а и поради очигледното „совршено“ ментално здравје. Сепак верувале или не Патрик јасно стави до знаење дека не се идентификувал како жена туку како среден род и ја откри вистинската причина зошто нема да престане да прави операции.
Патрик „го сака изгледот на куклата“.

Патрик всушност е заинтересиран да има пластичен изглед. Тој почнал да прави козметички зафати на 18 години и претпочита поженствен изглед поради тоа што тој се доживува прилично женствено. И сето ова го прави затоа што едноставно го сакал изгледот на куклата, не затоа што има психички проблеми да не си помислите нешто.
Патрик не сака да го смени полот.

Патрик не сака да го смени полот, да не се збуните случајно. Само тој ужива да ги менува улогите, да биде и машко и женско.
„Полесно ми е да се прилагодам на женското лице бидејќи моите природни карактеристики не беа многу мажествени“.

Патрик редовно секој месец става филер на различни делови од телото како усните, брадата, под очите и образите како и ботокс на секој 3 месеци.
Не сакаме да го видиме каков ќе биде кога ќе остаре, и фала богу што не мораме.
Патрик не планира да престане да се оперира.

Од неговата прва посета во естетски салон Патрик потрошил 51.200 евра на ботокс и други козметички третмани. Покрај филерите и ботоксот, Патрик го оперирал и носот и направил дотерување на лицето.

Крајната цел на Патрик во различни козметички процедури е да постигне симетричен и беспрекорен изглед, како кукла. Тој се восхитува на совршенството што го претставуваат куклите и работи на подобрување на неговите карактеристики за да постигне сличен изглед.
„Ми се допаѓа изгледот бидејќи им покажува на другите луѓе дека многу се грижам за себе, а јас сум перфекционист. Потрошив многу пари на операција и не планирам да престанам наскоро“.
Како сето ова спаѓа во одење кон совршенство и грижа за себе еве ние денес ќе седнеме ќе мислиме, а мислете и вие. Па ако дојдете до одговор пишете ни.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Do kad bre pedere na portal
Коментирај анонимно