Бармен доби бакшиш од 28.000 долари, затоа што одбил да услужи жена поради „популарна“ причина

Кој се надева дека еден обичен ден и едно обично „не“ кое ви е наредено дека мора да го кажувате во овој период, ќе ви донесе многу пари. Барменот од Старбакс Ленен не знаел дека една изреволтирана клиентка толку ќе го направи познат.

Сите знаеме дека за време на пандемијата скоро во секоја држава е задолжително носењето на маски, особено кога се влегува во одбјекти како банки, продавници и сл.

Кога Амбер Лин Гилс влегла во Старбакс во Сан Диего, таа веднаш била опоменета од барменот Ленен, дека доколку не стави маска на лицето нема да биде услужена. Тука жената кренала голема врева, па дури и го фотографирала Ленен и ја објавила фотографијата на Фејсбук со описот: „Запознајте го Ленен од Старбакс кој одби да ме услужи затоа што не носам маска. Следниот пат ќе ја почекам полицијата и ќе донесам медицинско оправдување.“

Во округот Сан Диего, од сите се бара да носат маска додека се во јавност. Сепак, постои клаузула која вели дека ако некое лице има здравствена состојба што ги спречува да го покријат лицето, не мора да носат маска.

Објавата на Амбер привлекла многу луѓе и имало дури 133.000, а многумина го поддржувале Ленен во неговата одлука. На овие критики Амбер одговорила со: „Маските се глупави, а такви се и луѓето што ги носат.“

Луѓето во коментарите изразиле да му дадат бакшиш на Ленен поради неговата постапка, па така Мет Коуан отвори GoFundMe, откако ги виде овие коментари како поддршка на Ленен. Тој првин не се надевал ниту дека ќе собере 250 доалри, но сега не му се верува дека има скоро 28.000 долари.

И се чини дека Ленин е повеќе од благодарен за поддршката, споделувајќи фотографија на која има знак на кој пишува: „Ви благодарам на сите за напојниците!!! Останете безбедни.“