Барселона одлучи кој ќе ја наследи 10-ката на Меси

Во првото коло немаше играч што го носеше дресот со број 10 кој припаѓаше на Меси, но сега Барселона донесе одлука за кој ќе го замени Аргентинецот.

Лионел Меси си замина од Барселона, а со тоа дресот со број 10 стана слободен. Овој број има големо значење за тимот затоа што најчесто припаѓал на најдобрите играчи на теренот како што во минатото биле Ромарио, Роналдињо, Марадона, Кубала и други.

Според најавите кои стигнуваат, каталонскиот гигант знае кој фудбалер ќе ја добие честа да го носи овој број, а тоа е Бразилецот Филипе Кутињо. Пред да дојде во Барселона, Кутињо играше за Ливерпул, Интер Васко де Гама и Еспањол, а помина и една сезона како позајмен играч на Баерн Минхен. Кутињо во изминативе три години одигра вкупно 90 меча и даде 24 гола за Барселона.