Базенот во кој природата ја одржува температурата на водата на 27 степени преку целата година

Местото се вика Пештерите Јарангобили, а се наоѓа во Нов Јужен Велс, Австралија. Термалниот базен е бесплатен за пливање и многу добро оди со пикник во близина, како и со пешачење или талкање низ древните пештери Јарангобили.

Термалниот базен од 20 метри е целосно опкружен со еукалиптус дрвја. Длабок е 2,5 метри со детски базен од едната страна. Што друго човек уште може да посака за одмор и релаксација?